Исламска држава се занимава со трговија на органи на заробени и убиени „неверници“ во Сирија и во Ирак, од почетокот на минатата година, наведува шпанскиот весник „Мундо“.

trgovija-organi

Исламска држава ова го претвори во бизнис од меѓународни размери, пишува весникот „Мундо“.

Вадењето на органите почнало најпрво во болниците во градот Мосул, наведува шпанскиот весник.

Според наводите на сведоците, досега, колку што е познато, се извршени вкупно 183 операции на вадење на органи на убиени заробеници, а тие пред тоа детално се прегледани во неколку болници во Мосул, пренесува весникот.

Станува збор за мажи на возраст од 20 и 35 години.

Сведоци наведуваат и дека ИД ги принудува заробениците да даваат крв, а на осудените на смрт претходно им ги вади органите во специјални клиники.

Семејствата на убиените заробеници на социјалните мрежи наведуваат дека на телата на своите родници пронашле големи лузни од операции.

„Мундо“ пренесува и сведочења според кои исламистите убиле неколку десетици лекари кои тоа не сакале да го прават.

Во извештајот од Каиро, весникот го цитира и експертот за безбедност во Багдад Хаџем ал Хаџими, кој наведува дека трговијата со органи е многу профитабилна и оти е добредојдена на џихадистите во момент кога е се потешка илегалната трговија со нафта поради американско-сојузничкото и руското бомбардирање.

„Мундо“ уште наведува дека лично лидерот на ИД во Ирак и во Сирија Абу Бакр ал Багдади наредил „на неверниците да им се вадат здравите органи, за да се спасат животите на вистинските муслимани“.

Слични содржини