По апелот на познатата исландска писателска, Брундис Бјоргвин до своите сонародници да им помогнат на азилантите, десет илјади Исланѓани само за 24 часа објавија на Фејсбук дека ги нудат своите домови за згрижување на бегалците. Исланд е земја со 300.000 жители.

Bryndi

Масовниот одзив на граѓаните ја примора исландската влада да ја преиспита својата одлука да прими само 50 бегалци од Сирија, пренесува британски телеграф.

Владата на Исланд изјави дека сега ги проучува понудите на Фејсбук и го разгледуваат зголемувањето на бегалците кои се подготвени да ги прифатата како дел од хуманитарната квота.

Слични содржини