policija

На 24.06.2016 година во 01.36 часот од Ургентен центар “Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив било донесено повредено лице. Се работи за лицето А.А. (27) од Скопје кој бил повреден при физички напад кој се случил во Т.Ц.„Чаирчанка“. Од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 23.06.2016 година околу 20.10 часот на Магистралниот пат А1 кај с.Градец, се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ „Спарк“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.Т.(39) од Неготино, ПМВ „Фиат Дукато“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Д. (29) од Гевгелија, ПМВ „Рено Клио“ со велешки регистарски ознаки, управувано од П.Л. (34) од Градско и ПМВ „Ауди А3“ со дипломатски регистарски ознаки, управувано од П.И. (35) од Р.Грција, со престојувалилште во Скопје. Во незгодата со повреди се здобиле сопатниците во возилата: Т.Ц., Т.С и италијанската државјанка М.К.П., на кои им била укажана лекарска помош во Општата болница Велес и им биле констатирани телесни повреди, по што се пуштени на домашно лекување. Увид извршила екипа од ПС Валандово. Сообраќајот бил во прекин од 20.40 до 23.00 часот.

На 24.06.2016 година во 03.00 часот помеѓу железничката станица-Скопје Север и железничката станица-Ѓорче Петров, поточно кај надвозникот кај н.м. Визбегово, непознати лица извршиле каменување на патнички воз кој сообраќал на релација Скопје – Кичево. Притоа било скршено едно неподвижно прозорско стакло од вагон, додека повредени патници нема. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

НК за КР – Гостивар поднесе кривична пријава против М.Г.(39) од Гостивар поради постоење основи н сомние за сторени кривични дела ,,затајување“ и ,,измама“. Во периодот од 17.10.2015 година до 20.05.2016 година вработен како агент за продажба, во Друштвото за осигурување од Скопје – паричните средства кои му биле доверени да ги прима при вршење на наплата на парични средства од клиенти на име премија, ги вршел лично со каса прими и фискална сметка и истите наместо да ги уплати на име друштвото, противправно ги присвоил за себе, со што се стекнал со противправна имотна корист од 712.476 денари, за која вредност и го оштетил правно лице.

НК за КР – Гостивар поднесе кривична пријава против А.Н.(45) од Гостивар за сторенo кривично дело ,,пустошење на шума“. На 27.04.2016 година од страна на полициски службеници и Шумска полиција бил затекнат пријавениот во шума сопственост на ШСЕ „Дуф Маздрача“ на место викано ,,Чука,, атарот на селото Дебреше, со натоварена 1,4 м3 бесправно исечена дрвна маса во неговото патничко возило ,,Форд Мондео“, по што пријавениот се дал во бегство. По преземени мерки истиот бил приведен во ПС Гостивар. По ова на 28.04.2016 година на самото место бил извршен увид при кој од самото место се подигнати уште 40.88 м3 бесправно исечена дрвна маса, која била предадена во надлежност на Шумска полиција Гостивар. Вкупната материјална штета нанесена со извршувањето на кривичното дело на Буџетот на РМ, односно на ЈП ,,Македонски шуми“ изнесува 572.285 денари.

НК за КР – Гостивар поднесе кривична пријава против М.У. (21) и А.М. (35) двајцата од Гостивар за сторенo кривично дело ,,пустошење на шума“. Во текот на 2016 година пријавените заедно со уште две непознати лица во континуитет вршеле бесправна сеча на огревни дрва во атарот на селото Митрови Крсти, при што на ден 04.03.2016 година околу 19.00 часот од страна на Шумска полиција и полициски службеници пријавените биле затекнати во вршење на кривичното дело во шума сопственост на ПШСЕ „Шар Стража – Лакавица“, атар село Митрови Крсти, по што непознатите лица успеале да побегнат, а двајцата пријавени биле лишени од слобода. Затекната била исечена дрвна маса од 7м3 и истата била предадена на Шумска полиција. Од преземени мерки утврдено е дека пријавените од тој дел во текот на 2016 година извршиле бесправна сеча на површина од околу 5.000 м2, односно исекле вкупно 78,28 м3 огревни дрва. Со извршеното кривично дело сторителите на јавното претпријатие му нанеле материјална штета од 547.960 денари.

Слични содржини