Додека Унгарија ја затвора границата со Србија, Германија, во пракса, излезе од Шенген областа за патување, а земјите од ЕУ рекоа дека го исцрпуваат својот капацитет за прифаќање на повеќе мигранти, Европа изгледа поделена на “милосрден” запад и “себични” Исток.

4411729

Тоа, во најмала рака, е доминантна приказна во медиумите на запад. Точно е дека земјите во централна и источна Европа не ги отвораат доброволно граници, поздрави со добредојдени постери се реткост, како и предлогот на Европската комисија за централно договорено делење по квоти на бегалците меѓу земјите од ЕУ има  сериозен отпор од Варшава и Прага. Додека Централна и источните неволно прифатија  дека треба да се приспособат повеќе бегалци, отколку што се очекуваше, идејата да го прават тоа по силата на  задолжителни квоти е особено контроверзно. Неколку причини помагаат да се објасни воздржаност. Прво, земјите од централна и источна Европа веќе прифатиле голем број како бегалци, така и мигранти од Украина. Додека многу Полјаци работат во британски болници и кафулиња, во услужниот сектор во Полска Украинците се оние кои заработуваат  од работата. Истото важи за другите земји од регионот и малкумина упатуваат  жалби. Второ, одлуката на Ангела Меркел да каже едно големо “Добредојдовте” на бегалците е оценувано во централна и источна Европа како контрапродуктивно и зајакнувањена  инвазијата.воз бегалци

Затоа постои неподготвеност за учество во распределбата на последиците од одлуката на Берлин. Сега Германија ги продолжи проверките на границата со Австрија и сега  целиот концепт за Европа без внатрешни граници е под закана, по поканата од Берлин кон бегалците која се чини малку предвремена. Трето, Централна и источните имаат малку традиции во справувањето со бегалци од европски култури и недостаток на потребната инфраструктура.

Велика Британија, Франција и Германија со години ги прилагодуваат нивните системи – здравство, образование, јазична обука – кон усвојувањето на мигранти од целиот свет. Но за централна и источна Европа, области кои немаат колонијално минато и се изградени претежно од мали и етнички хомогени народи, тоа е сосема нов предизвик. Дури и при сите традиции и искуство во западна Европа процентот на успешност не е единствен. Ништо од ова не значи дека централна и источна Европа не треба да го прифати поголемиот  дел од одговорноста. Сепак она што Европа бара, е солидарноста и координирана акција – не само во распределбата на постојниот број бегалци, но и при спречување на појавата на хуманитарна криза.

Прво и основно, треба да биде уништена мрежата од шверцери на луѓе и треба да бидат создадени безбедни засолништа во рамките на Сирија. Надворешните граници на ЕУ, особено морските, треба да бидат направени посигурни. Во меѓувреме на бегалците мора да и се даде повеќе помош и да бидат подобрени условите во камповите на ОН во Турција и Сирија. Сите овие активности ќе бара силна политика за безбедност и одбрана на ЕУ, што е она што многу централноевропски влади го поттикнувале години, за жал, залудно, најмногу поради противењето од истата група западноевропски метрополи кои сигнализираат за себичноста на нивните источни соседи.

…………..

Коментарот е на Марчин Заборовски , објавен во “Гардијан”.

Слични содржини