Истражителите на СЈО заминаа од Охрид – што ќе донесе истрагата за донациите?

од desk2

И покрај протестите дел од 200 – те охридски вмровски донатори дале исказ и одговориле пред Специјалното јавно обвинителство за приватните донаторски активности кон ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа информација за Телевизија 24 ја потврдува висок функционер на партијата, а блиски извори на Обвинителството денеска информираат дека обвинителите и истражителите го напуштиле Охрид носејќи со себе регистририрани изјави на оние сведоци што сепак се одзвале на распитот.

Оттаму посочуваат дека анализата на донаторските активности од 2014 – та ќе продолжи и понатаму, a како во иднина ќе се спроведуваат Законите останува тајна.

Вмровскиот пратеник Љубен Арнаудов во телефонски разговор вели дека останува на истиот став, нема да ја прифати поканата за распит и ќе се брани со молчење. И тој и сопартијците се во исчекување на следните потези на СЈО и не сакаат да ги коментираат деталите.

Целиот текст можете да го прочитате тука

 

Слични содржини