Научниците тврдат дека GenX материјалот во правење на тефлон тави може да предизвика рак. Производство на тефлон на водечката француска фирма содржи GenX материјал кој може да се покаже како опасен за здравјето на луѓето.

При лабораториски испитувања со животни е докажано дека GenX материјалот предизвикува рак, неплодност, заболување на црниот дроб и бубрезите.

20160502.gnzczxfdvd

Фирмата произведува тефлон со овој материјал од 2009 година наваму. Предходно тефлонските производи се произведени со перфлуорооктанова киселина. Но по долги процеси и тврдења дека оваа киселина е опасна за здравјето, фирмата почнува да произведува тефлон со GenX материјал, тврдејќи дека е побезбедно.

Компанијата има 16 составени извештаи за производство на тефлон со штетни содржини. Меѓу 2006-2013 година Американската агенција за заштита на животната средина пријави дека овој материјал покажува опасно влијание врз организмот на животните како зголемување на телесната тежина, промени во имунолошкиот систем, бубрезите и црниот дроб.

На пример, според извештајот објавен во јануари 2013 година, кај глувци, подложени на лабораториски тест во текот на две години со GenX, се гледаме формирање на тумори, хепатална инсуфициенција, полипи на матката.

Па видете што купувате и од која фирма и бидете загрижени за своето здравје.

Слични содржини