Во последните 20 години 90 отсто од природните катастрофи биле предизвикани од поплави, невреме и топлотни бранови, се наведува во еден од  извештаите на ОН. Во него се наведува  и  дека таквите видови катастрофи се ’се почести.51653691_011515481-1-e1352077197560

Поплавите сочинуваат 47 отсто од таквите катастрофи, што погодиле 2,9 милијарди лица, од кои 95 отсто во Азија, пренесоа американските медиуми.

Истовремено, УНИЦЕФ објави дека речиси 690 милиони деца живеат во областите што најмногу се изложени на климатските промени.

Во светот има 2,3 милијарди деца, а речиси 530 милиони живеат во земјите кои често се погодени од поплави и тропски бури, повеќето во Азија.

Како што пренесуваат француските медиуми, 160 милиони деца растат во областите каде има големи суши, што главно е случај во Африка.

УНИЦЕФ предупреди дека децата „ќе го понесат најголемиот товар од климатските промени“ и дека бројот на мали деца кои се изложени на овие промени е алармантен

Слични содржини