Италија ги исфрла монетите од 1 и 2 центи

од desk3

Од 1 јануари 2018 година Италија ќе ги исфрли од оптек монетите од 1 и 2 центи.  Така одлучи  парламентарната комисија за буџетските прашања, јави ДПА.

Комисијата проценила дека со укинувањето на ситните монети ќе се заштеди годишно околу 20 000 евра. Италијанската влада троши милиони за производство намалите деноминации, откако е внесено еврото во 2004 година.

Иницијативата ќе значи дека сите цени во Италија ќе бидат заокружени до најблиската вредност, завршува на 5 или 0, прецизира агенција Анса.

И други земји од ЕУ, меѓу кои Германија, размислува да ги повлечат монетите  од 1- и 2-центи.

Во Белгија, Финска, Холандија и Ирска цените често се заокружат до најблискиот број, завршно на 5 центи, за да се избегнат најмалите деноминации, иако тие остануваат законско платежно средство.

Слични содржини