Италија се уште ја утврдува штетата од земјотресот

од Vladimir Zorba

Откако влера два силни земјотреси ја потресоа Италија, десетици луѓе биле хоспитализирани за претрпен шок и полесни повреди. Непогодата ја зафати Централна Италија, предизвикувајќи големи штети на цркви и на згради, но одбегната е катастрофа каква што имаше пред два месеца, во која загинаа речиси 300 луѓе.

_92108881_c13c4e32-6ab2-478c-82f8-7b7f9ccdee98

Досега, нема информации за мртви или за сериозно повредени, иако неколку десетици луѓе биле хоспитализирани за претрпен шок и полесни повреди.Марко Риналди, градоначалник на Усита, еден од најпогодените градови, вели дека бројот на повредени најверојтано е резултат на времето на потресите.

Многумина излегле од дома, по првиот потрес од 5,5 степени, и за следниот потрес од 6,1 степен, кој се случил два часа подоцна, тие веќе биле евакуирани.

Слични содржини