Италијанската полиција нема да остане без Ламборгини

од Vladimir Zorba

Италијанската полиција прими на вооружување во четвртокот модел Lamborghini Huracan со кој планира да ги следи високо-брзинските престапници, но и да спасува животи. Максималната брзина е 300 километри на час, забрзувањето од 0 до 100 километри на час настанува за 3,2 секунди. Најновиот модел на луксузниот спортски автомобил на “Ламборгини” станува вториот кој постапува на служба во сообраќајната полиција на земјата.

Првото “Ламборгини” (модел Gallardo) е од 2009 година и се користи за супербрзински бркања, но и за помагање на транспортот на органи за трансплантација или за испорака на крв за трансфузија на местото на несреќата.

“Старото” “Ламборгини” е од моделот Gallardo.

Тоа “Ламборгини” наскоро ќе ја напушти активната служба, за да отиде во Музеј на полициските автомобили во Рим.

“Тоа помина за нас 150 илјади километри, што покажува дека е навистина добро направен автомобил кој спасуваше животи преку превоз на органи за трансплантација”, изјави италијанскиот министер за внатрешни работи, кој ги доби клучевите за новото “Ламборгини” од главниот извршен директор на легендарниот италијански производител на автомобили.

Слични содржини