Италијански мотоциклист си ја заборави својата жена на патот се сетил по 40 километри

од desk3

Мотоциклист во Италија побарал помош од  полицијата со молба да му помогне да ја најде сопругата, бидејќи не можел да се сети каде  ја  оставил. 59-годишниот жител на Торино забележал дека сопругата не му е до него дури откако поминал 40 километри.

Мажот бил “поплавен”во солзи кога се свртел кон карабинерите. Тој појаснил дека не можел да се поврзе со сопругата преку  мобилен телефон, бидејќи нејзиниот останал во багажниот простор на моторот. Од полицијата веднаш пристапиле  кон преонаоѓање на жената која сепак нашла начин да се поврзе со нејзиниот сопруг.  “Како може да не забележиш дека не сум седнала зад тебе?”, Прашала бесно таа. Мажот не знаел што да одговори, но веднаш го  “jавнал” мотоциклот и тргнал кон местото каде што се наоѓала неговата сопруга, пишува во “Стампа”

Слични содржини