Италијанските екипи ја продолжија ефикасноста во 33. коло

од Vladimir Zorba

На осумте досега завршени натпревари од 33. коло од Серија А постигнати се вкупно 39 голови или во просек нешто помалку од пет голови по натпревар. Сите екипи кои досега одиграа натпревар во ова коло постигнаа барем еден гол.

Попладнево најефикасен беше дуелот во Рим каде беа постигнати осум голови, а Лацио го совлада Палермо.

Резултати на денеска одиграните дуели: Сасуоло – Наполи 2:2, Милан – Емполи 1:2, Киево – Торино 1:3, Лацио – Палермо 6:2, Сампдорија – Кротоне 1:2, Удинезе – Каљари 2:1. На вчерашните натпревари: Фиорентина – Интер 5:4 и Аталанта – Болоња 3:2.

Вечерва се игра дуелот Јувентус – Џенова, а утре на програмата е натпреварот Пескара – Рома.
Табела: Јувентус 80 бодови, Рома 72, Наполи 71, Лацио 64, Аталанта 63, Милан 58, Интер 56, Фиорентина 55,…/а1он

Слични содржини