Италијанците по дебаклот во баражот ќе мора да платат за откажување на хотелот во Русија

од desk2

Трагедијата на италијанската фудбалска репрезентација и незаминувањето на Мундијалот во Русија во 2018 година денеска е уште поголема, затоа што Фудбалскиот сојуз пред натпреварите од баражот резервирал хотел во Русија каде требало да бидат сместени фудбалерите, а сега треба да платат за да го откажат.

Сојузот не сметаше дека Италија по 60 години прв пат нема да се пласира на Светското првенство во Русија, па резервирале хотел, кој ќе треба да го откажат, а и за тоа да платат, затоа што хотелите сигурно имаат таква клаузула за заштита при резервацијата.

Од друга страна пак, данската телевизија TV2 соопшти дека мала делегација од Фудбалскиот сојуз на Данска заминала во Русија за на лице место да се увери во условите кои требаше да ги уживаат Италијанците, за нивната репрезентација да ги заземе нивните места.

Претседателот на данскиот Фудбалски сојуз вели дека мора да обезбедат квалитетно сместување, но дека ако им се понудат пониски цени затоа што ги преземаат веќе резервираните од Италијанците, тие мора да ја искористат можноста.

Слични содржини