Италијанците се најздравата нација во светот

од desk2

Луѓето најдолго живеат во Италија, покажува Bloomberg Global Health Index. Иако Италија е меѓу најразвиените земји, растот во неа стагнира со децении, скоро 40% од младите се без работа и се соочува со најголем долг во однос на својата економија. Но, сепак, Италијанците се во подобра форма од Американците, Канаѓаните и Британците, кои сите страдаат од висок крвен притисок, холестерол и слабо ментално здравје.

Италија има и вишок доктори, но луѓето исто така уживаат во добра исхрана богата со свеж зеленчук и овошје, маслиново масло, риба и месо.

Исланд, Швајцарија, Сингапур и Австралија се меѓу петте најздрави земји. Македонија е на 44 место, со оцена 65,64 од вкупно 100.

Листата е направена според основни варијабли како очекуваниот животен век, причини за смрт, здравствени ризици, пушење цигари, исхрана и пристап до чиста вода.

Слични содржини