Денеска во 13 ч. итна седница на парламентот, на која на министрите на Груевски ќе им  бидат констатирани оставките а потоа ќе треба да се гласа за новиот предлог и нови министри на Груевски. Иако се најавуваше дека кризата може да се менаџира со вакви потези на Груевки , оставки и мини реконструкции , сепак овој потег веднаш по крвавите кумановски настани ,  засега е без усогласеност со коалициските партнери и е брз  и ненадеен потег на премиерот Груевски , веднаш по средбите со амбасадорската булдожерска група која ги соочи политичките лидери со фактите.

F2D88FAC-EE7C-4361-9362-79C96F4F1D26_w308_h173

Собранието на Македонија на денешната вонредна и итна седница треба да се изјасни за предлогот на премиерот Никола Груевски за избор на нови министри за внатрешни работи и за транспорт и врски, откако синоќа Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиевски поднесоа оставки.

Синоќа оставка поднесе и директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков. Тие во образложението за нивните оставки наведуваат дека си заминуваат поради длабоката политичка криза во земјата и објавените прислушувани разговори од страна на опозицијата. Премиерот Груевски за нов министер за внатрешни работи го предложи Митко Чавков, сегашен директор на Бирото за јавна безбедност, а за нов министер за сообраќај Владо Мисајловски, директор на Јавното претпријатие за патишта.

Лидерот на опозицијата Зоран Заев   веднаш по обелоденувањето на оставките  објави :

„Се што зборувавме се потврди, ова е доказ и за прислушувањето и за автентичноста на разговорите. Ова е доказ за содржината на разговорите кои ги потврдуваат сите незаконитости и криминали на Никола Груевски и врвот на власта.

Не е време за триумфализам!

Оставките на Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески и Сашо Мијалков не се наша крајна цел. – Ова е само чекор до крајот на Никола Груевски“, напиша на свјот ФБ профил Заев

Неговиот колициски партнер и пратеник Павле Трајанов искоментира:

„Оставките се почеток на утврдување на политичката одговорност со  напуштање на високите функции, и тоа во суштина ја отвора можноста за темелна  и транспарента истрага на кршењето на правата на граѓаните преку злоупотребите на функциите и системот за прислушување . Тоа е исто така почеток  и за темелна анализа  и документирање на објавеното на разговорите од бомбите, за што бараме формирање на парламентарен комитет со широки овластувања.

Либертас објави дека овие оставки сепак се нужноста со која се соочиле Гордана Јанкуловска и Сашо Мијалков по средбата во  Американската амбасада  каде биле соочени дека биле фатени како контактираат со водачот на криминалната банда кој уби 8 и рани 37 полциајци во акцијата во Куманово.

Операција Шах-Мат: На Мијалков и Јанкуловска им биле предочени снимки за контакти со криминалците во Куманово

Телевизиите Телма и Алсат М синоќа  исто така пренесоа информации за врски и контакти на луѓе од терористичката група со припадници од МВР. Плусинфо тврди  дека станува збор за врски кои се негувани подолго време и дека е можно лицата од МВР да бидат подложени на итна истрага, заради утврдување на вистината и за да се одговори на прашањето дали тие помагале во уфрлањето на терористичката група во Македонија.

Слични содржини