Итно ОСЛОБОДУВАЊЕ! Протести за Харадинај и во Скопје

од Vladimir Zorba

Студенти, професори, новинари, поранешни борци на ОВК, уметници и политичари протестираа  денеска пред француската амбасада во Скопје барајќи итно да биде ослободен поранешниот командант на ОВК и поранешен премиер на Косово, Рамуш Харадинај. Според демонстрантите, неговото апсење од страна на француската полиција минатата недела е неправедно и навредливо.

„Од француските власти бараме да не потпаѓаат под влијанија, да не ги расипуваат односите со Косово и на ниту еден начин да не дозволат екстрадиција на Харадинај. Во спротивно, ако се случи такво нешто, ќе поттикнат поголеми немири во земјата, но и пошироко.Ние не бараме ништо повеќе освен да се почитува одлуката. Одлуката која пред неколку години ја донесе Хашкиот трибунал кој е основан за воени злосторства во поранешна Југославија. Бараме да се почитува начелото на правда, никој не може да биде казнет двапати за едно исто дело.“ изјавија повеќе учесници на протрстите денеска пренесе Алсат М.Протести за поддршка на Харадинај се одржаа и во Тирана, како и во повеќе косовски градови, меѓу кои во Гњилане, Митровица и Пеќ. Француските власти го уапсија Харадинај на 4 јануари врз основа на меѓународна потерница издадена од Србија.

повеќе тука

 

Слични содржини