Преседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска донесе одлука за аболиција и за амнестија на сите политичари против кои се водат правосудни постапки. иванов-630x289

Ова Иванов го соопшти попладнево, во обраќање до граѓаните на Република Македонија.

Претседателот пред малку објави дека донел одлука да потпише аболиција за сите политичари против кои се води истрага, против кои е покренато обвинение, како и за еден политичар кој отслужува затворска казна.

Претседателот не посочил за кои конкретни политичари станува збор. Иванов на прес конференцијата тврдел дека одлуката ја донел сам и не ги известил политичарите затоа што можеби некој од нив бил убеден во својата невиност и сакал да ја докажува во судска постапка.

Од денеска кадарот на власта што беше сменет од Спасовски и Ременски се враќа на старите позиции…

Треба да се види како оваа одлука на Иванов ќе влијае врз сите предистражни и истражни постапки што ги отвори Специјалното јавно обвинителство против актуелни политичари и поранешни функционери во владата и во институциите.

Иванов соопшти дека со аболицијата и со амнестијата на едно лице политичар му престанува издржувањето на затворската казна, на кое е осудено со правосилна судска одлука.

Претходно на 18.03.16 год  Претседателот Ѓорге Иванов се изјасни, по одлуката на Уставниот суд во негова надлежност да врати дел од надлежностите за помилување од криминали, дека  нема да помилува педофили, нарко – дилери и како што вели претседателот изборни силеџии.

 

Слични содржини