Претседателот на државата Ѓорге Иванов во својот говор во Крушево по повод Денот на Републиката истакна дека со оглед на случувањето од Куманово и проблемот со мигрантите се потребни реформи во одбраната и безбедноста.

mijalkov-ivanov-gruevski-capitol

– Како што Куманово не потсети дека мора да го чуваме соживотот, така, мигрантите нè потсетија дека живееме на коридор. А коридорот мора да го чуваме. Затоа, како претседател и како врховен командант вклучен сум во иницирањето реформи на службите од областа на безбедноста и одбраната. Неопходна е и дополнителна соработка меѓу овие важни институции, како и поголема транспарентност и цивилна контрола низ Собранието. Бидејќи, сувереноста на државата се чува на границата, оцени претседателот Иванов во говорот на Мечкин Камен.

Слични содржини