Иванов денеска треба да го потпише ребалансот на буџетот

од desk2

Министерството за финансии очекува доцна вечерва претседателот Ѓорѓе Иванов да го потпише ребалансот на буџетот.

Рокот од седум дена за потпис од шефот на државата истекува денеска. Откако ќе го потпише указот, тој излегува во Службен весник и стапува на сила.

Ако Иванов не го потпише, за тоа писмено треба да го извести претседателот на Собранието, Талат Џафери и да објасни од кои причини не го сторил тоа.

Од ресорното министерство велат дека досега не се случило Претседател да не потпише ребаланс на буџет.

Слични содржини