Иванов го извести Собранието дека Заев е новиот мандатар

од Vladimir Zorba

Претседателот Иванов испрати писмено известување до Собранието на Република Македонија дека врз основа на член 90 став 1 од Уставот на Република Македонија и предлогот на колицијата на СДСМ го определува претседателот на СДСМ и пратеник во Собранието, Зоран Заев за мандатар за состав на Влада во Република Македонија.

Заев како иден мандатар има рок од 20 дена за состав на новата Влада, а потоа тој има обврска да го извести претседателот на Собранието дека има предлог за состав на нова влада по што претседателот свикува седница на која предлогот треба да добие 61 глас во Собранието со што ќе биде изгласана новата Влада.

Слични содржини