Иванов и Договорот со Бугарија


Се сеќавате ли што се, не изнакажа Иванов за тнр. „Тиранска Платформа„. Се имаше ставено на чело на „пропагандата на стравот„ што ја покрена Груевски и која на крајот доведе до терористичкиот чин во Собранието на Македонија на 27ми април., На тој ден разулавени „патриоти„ од секаков вид и криминалци, поттикнати од говорот на омраза, кој го ширеше и Иванов, се обидоа да ги ликвидираат и им нанесоа тешки телесни повреди на Заев, на Зијадин Села на Шеќеринска и на други пратеници. Тие пратеници, само заради прифаќањето на „декларција на албанските етнички партии во Македонија„ која Иванов и пропагндистите ја нарекоа „тиранска платформа„ од нив беа прогласени за национални предавници.
Со денови и преку протести пренесувани од телевизиите тврдеа дека Заев ветил кантонизација, федерализација, албанизација и распрoдавање на македонските национални интереси само за да дојде на власт. Лажеа безочно и го плашеа народоот дека Заев е на чело на „меѓународен заговор„ за унишување на Македонија. Иванов се стави на чело на таа злобна кампања, не дозволуваше промена на власта со денови, бараше посебни гаранции и беше прогласуван од пропагандистите на Груевски за „челичниот претседател„ кој застанал не чело на „вистинските Македонци„.
Сета таа кампања заврши срамно за нив. Почнаа да ветуваат дека ќе го променеле односот кон Албанците, кај кои биле непарaведно „оцрнети„ но и кон меѓународната заедница која ја обвинуваат за “мешање во внатрешните работи и насилна промена на власта во Македонија„
Останаа и без пасоши заради криминалот, но, умот не им доаѓа.
Сега Иванов одново се става на чело на нова пропаганда на стравот. Сега веќе нема опасност од „тиранската платформа„ туку од Договоорот за добрососедство со Бугарија.
Декларацијата за унапредување на односите со Бугарија потпишана уште во 1999 година, не била ништо страшно, но Договор кој содржел одредби од таа декларација биле „срамен чин на национално предавство„ кој тие ќе се обидел да го спречат.
Според таа пропаганда, кога веќе Заев не успеал да ја „продаде Македонија на Запад„ тајно ќе ја продадел на Исток. И затоа Иванов сака да знае што тоа се договарал Заев со Борисов пред владата да потпише таков договор. Тој не бара да биде информиран, како што беше информирана Комисијата за надворешна политика на Собранието, туку Договорот ,кој секако не стапува во сила без да биде ратификуван во Собранието на Македонија, да бил објавен, со што тој одново се става на чело на силите кои шират страв од Заев и од новата вада дека ќе изврши „национално предавство„.
Останува да се надеваме дека и оваа негова кампања нема да заврши со некој нов крвав четврток во Собранието и со обиди за убиство, за што и тој сноси лична одговорност.
Иванов и груевистичката пропаганда на стравот и овој пат мора да бидат победени.

Фејсбук статус на Ѓорѓи Спасов

Слични содржини