Македонскиот претседател Ѓорге Иванов, денеска ќе се им обрати на граѓаните на Република Македонија, соопштија од претседателскиот кабинет.
ivanov-3-777x437

Обраќањето на Иванов е закажано за 18,45 часот од претседателската резиденција вила Водно.

Ова е четврто обраќање до нацијата на Иванов во последните два и пол месеци. Првото обраќање го имаше на 12 април, кога со аболицијата ги прекина сите судски процеси против политичарите и нивните соработници. По бурните реакции на јавноста и на меѓународната заедница, Иванов имаше уште едно обраќање до нацијата на 15 април, кога рече дека останува на својот став за аболицијата и дека не ја повлекува. Месец дена подоцна, на 27 мај го имаше третото обраќање, на кое повлече дел од одлуките за аболиција на политичари. Повлекувањето на останатите одлуки, го направи на 6 јуни, но без обраќање до нацијата, преку соопштение.

Слични содржини