Иванов лажел дека Меркел му се извинила !?

од Vladimir Zorba

Портпаролот на германската влада за САКАМДАКАЖАМ.МК во писмена изјава потврди дека немало никакво извинување од германската канцеларка Ангела Меркел до претседателот Ѓорге Иванов во врска со обвинувањето што тој го упати кон германската амбасадорка во Скопје.

На барањето на СДК.мк за појаснување на вчерашната изјава на Иванов во која тој ја обвини германската амбасадорка во Скопје дека ширела лажни вести и дека германската канцеларка му се извинила за тоа, од службата за информирање на германската влада ја добивме следната писмена изјава:

„Како потпарол на владата, можам да ви кажам дека федералната канцеларка нема дадено каква било изјава во контекстот што го споменувате. Во однос на забелешките направени од германската амбасадорка во Скопје, ве молиме обратете се кај министерството за надворешни работи за повеќе информации“.

Слични содржини