Иванов му се заканува на Заев! Ако го скокнале тогаш ќе имало две влади, нова СДСМ и старата на ВМРО ДПМНЕ

од Vladimir Zorba

Иванов не попушта, и не само тоа, се заканува дека ако изберат без  него Влада, ќе останела на сила  и старата техничка на Никола Груевски .

Ако СДСМ и албанските партии создадат влада без мандат ќе имаме две влади една техничка и една нелегитимна. Ова е само еден од одговорите на претседателот Ѓорѓе Иванов во интервјуто за австрискиот весник Винер Цајтунг. За него така кризата ќе се продлабочи уште повеќе.

– Тоа е само желба. Тоа е правно неиздржано. Таква влада нема да има легитимитет. Ова јасно е наведено во нашиот Устав. Во таков случај би имало две влади. Актуелната, која е техничка влада, и влада која што е без легитимност од претседателот, односно без уставна основа. Значи ќе влеземе во уште поголема криза, вели Иванов.  Со Устав е пропишано дека претседателот го доделува мандатот на победникот, толкува Иванов.

Ѓорѓе Иванов и во интервјуто повторува дека секогаш во земјава мандатот го добивала партијата која освоила најмногу пратенички места, како што во случајов била ВМРО ДПМНЕ. Тој тврди дека има информации дека оваа партија договорила Влада со Дуи ама еден телефонски повик ја расипал работата. Запрашан кој се јавил, тој не одговара.

„ВМРО-ДПМНЕ не успеа да коалицира со партиите на македонските Албанци, во предвидениот рок од 20 дена, согласно Уставот. Да бидам попрецизен, коалицијата всушност беше договорена. Но, во последниот час имаше телефонски повик и коалицијата се распадна. „Вие сте новинар. Вие можете да истражите кој се јавил“.

Тиранската платформа е директно мешање, но и загрозување на независноста на  Македонија, а содржинските барања не се само политички опасни, туку се и противуставни, вели  Иванов, во интервјуто за австрискиот дневен весник „Винер цајтунг“.

Тој додаде дека тиранската платформа доведе до институционална криза, блокада за Влада и неизбор на претседател на Собрание. „Ние сакаме  интеграција, а не гетоизација на Албанците во Македонија.

Иванов е дециден на Заев не му го дава мандатот оти според него игра перфидна игра. Го обвини дека не е дозреан за улогата која му ја дале, го прецениле а и сам се преценил. Вели дека Заев сака само да дојде на власт за да не заврши в затвор. Запрашан дали се заканува тој негира но додава дека ќе биде интересно кога македонските институции во даден момент ќе постапат против Заев и ќе го отворат прашањето кој му ги доставил прислушкуваните разговори.

 

 

Слични содржини