Собранието на Македонија денеска ќе ја одржи 105. седница на која ќе расправа по предлогот на опозицијата за покренување постапка за утврдување на одговорност на претседателот на Македонија.собрание сала

Евентуалната одлука за почнување постапка пред Уставниот суд за утврдување на одговорноста на претседателот, треба да ја донесат најмалку 82 пратеници.

Предлогот за импичмент на претседателот Ѓорге Иванов првично беше разгледан и оценет како неоснован од страна на членовите на собраниската Комисија за оценување на основаноста на предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот на Македонија.

Минатиот понеделник, Комисијата со шест гласа „за“ и четири „против“ оцени дека предлогот за импичмент е неоснован. За ваквиот заклучок гласаа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, а против беа членовите од СДСМ и ДУИ.

Опозицијата смета дека Иванов со актите за помилување го прекршил Законот за помилување и Уставот, додека за пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, барањето за импичмент е целосно неиздржано и не се темели на правни аргументи, туку е неуспешен обид да се удри по највисоката институција Претседател на Република Македонија.

Слични содржини