Претседателот Ѓорги Иванов е пред невиден пристисок  и осуда од опозицијата, партиите, народот , и сите кој се противат на неговата одлука  за помилување криминалци. Се бара оставка и отповикување на одлуката. Со не помала жестина и притисок е и од меѓународната јавност  Брисел и Вашинготн. Тој фрли и ракавица дека „странските интереси“ ја прават кризата. Заедничка нишка на сите кои го осудуваат Иванов е дека тоа е незаконски акт,  атак врз владеење на правото и државен удар врз правниот систем  и демократските процеси на Македонија.

bejli-orav

Амбасадорите на САД и ЕУ, Џес Беји и Аиво Орав според неофицијланите информации на Плусифо , денеска напладне се очекува, бараат  да се сретнат со претседателот на државата Ѓорге Иванов во врска со неговата одлука за аболиција на лица поврзани со дела што произлегуваат од прислушуваните разговори.

Нефицијално, амбасадори барале средба со Иванов уште завчера кога одлуката беше соопштена, но тој не ги примил. И утрово од кабинетот на Иванов не даваат потврда за денешната средбата.

Од канцеларијата на заменикот-државниот секретар на САД и портпарол, Џон Кирби, вчера повикуваат македонскиот претседател да ја преиспита својата одлука за аболиција на лица кои што се предмет на истрага.

„Соединетите Американски Држави се длабоко загрижени по одлуката на македонскиот претседател Ѓорге Иванов за аболиција на лица кои што се предмет на истрага, а во врска со скандалот за прислушување. Доколку оваа одлука биде имплементирана, тоа ќе значи заштита за корумпираните официјални претставници, како и порекнување на правдата за македонскиот народ. Воедно, тоа ќе значи натамошно подривање на владеењето на правото во Македонија, интегритетот на македонските правни институции и кредибилитетот на лидерската определба спрема фундаменталните вредности на НАТО и ЕУ“, изјави Кирби.

Еврокомесарот Хан на неколкупати праќа сериозни пораки да се преиспита одлуката и  лидероте да се вратат на преговарачка маса

„Кризата може да се реши само со политички средства, а не со насилство. Ги повикувам сите политички партии и одговорни граѓани да се воздражат од акти на насилство. порача на својот твитер профил еврокомесарот за проширување Јоханес Хан

Кризата може да се реши само со политички средства. Одговорност на политичарите е да се вратат на преговарачка маса, вели Хан по синоќешните протести во врска со одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за општ прекин на сите постапки против политичари и нивните соработници за случаи поврзани со нелегалното прислушување.

Од кабинетот на Иванов нема потврда дали средбата со амбасадорите на Вашинготн и Брисел ќе биде прифатена од претседателот на државата, кој патем во својот говор упати  сериозни обвинувања токму врз “странските интереси“ кои ги промовираат амбасадорите.

Слични содржини