Претседателот на Македонија дефинитивно го испушти возот за донекаде да се рехабилитира. На еврокомесарот Хан како уште нешто да не му е јасно во врска со Македонија анализра Зоран Јордановски во својата колумна на Дојче Веле

zjПретседателот на Македонија Ѓорге Иванов ја пропушти последната шанса за да може да се најде барем некој позитивен збор за него во некаков иден историски осврт за периодот во кој беше на највисоката функција во државата. А всушност можеше на крајот да даде позитивен пример, чие значење би имало историски димензии дури и во рамки многу пошироки од територијата на малата Македонија. Доволен ќе беше еден чекор: согледувајќи го ефектот што го постигна неговото решение за аболиција на 50-ина лица осомничени за тешки облици на криминал (патем, и натаму ѝ останува должен на јавноста да објасни како дошол до нивните имиња!), јавно да си ја признаеше грешката, да ја поправеше со целосно повлекување на амнестијата и да поднесеше оставка како логична консеквенција. Ако кон тоа придружеше и повик до сите носители на јавни функции да ја преиспитаат својата улога и придонес за состојбата во која ја донесоа земјата и да го следат неговиот потег, нејзе ќе ѝ направеше уште поголема услуга. Дотолку повеќе, што самиот нагласува дека решението за аболиција го донел „исклучиво во интерес на државата“.
Сега е доцна за извлекување со колку-толку чист образ. Со делумното повлекување на аболицијата тој прави натамошна грешка, а и евентуално повлекување од функцијата (иако ништо не навестува дека претседателот воопшто размислува во таа насока – напротив вели дека е „подготвен и во иднина“ да работи за надминување на кризата, за која всушност и самиот придонесува), во сенка на покренатата постапка за импичмент, веќе не бил чин како израз на личен морал.
Изјавата за делумно повлекување на аболицијата содржи некои моменти кои ми го привлекоа вниманието.

Former Yugoslav Republic of Macedonia (FYROM) President Gjorge Ivanov and  EU enlargement commissioner give a press conference on September 4, 2012  after their talks at EU headquarters in Brussels. Macedonia was granted EU candidate status in 2005, but the start of the accession talks has been blocked ever since by Greece due to the name row.  Athens and Skopje have been at loggerheads over the right to the name Macedonia since the former Yugoslav republic proclaimed independence in 1991, as a northern Greek province has the same name.  AFP PHOTO / GEORGES GOBET        (Photo credit should read GEORGES GOBET/AFP/GettyImages)

Контрадикторна аргументација
Претседателот им префрлува на „многумина“ дека не ја разбрале или не сакале да ја разберат идејата за неговата одлука за аболиција, која ја поврзува и со бегалската криза! Тој обид за давање некаков кредибилен аргумент, кој на потегот на шефот на државата би требало уште и да му даде наводен подалекусежен државнички карактер, едноставно е мешање на баби и жаби.
Паѓа в очи контрадикторноста во аргументацијата: „Се велеше дека сум сакал да ги заштитам политичарите, дека сум креирал селективна правда“, вели претседателот, кој истовремено остава 30-ина лица со аболиција заштитени од кривично гонење!? Тој потоа повторно нагласува (како да е свесен дека не му се верува?): „Не сакам веќе никој да има сомнеж. Ниту еден политичар не е над законот. Ниту еден политичар не е недопирлив. Напротив. Секој ќе одговара за своите постапки“. Од контекстот произлегува дека последнава реченица се однесува само на политичарите (кутрите тие!) – што во крајна линија значи селективна правда и нееднаквост пред законот, ако за поголем дел од осомничените (кои не се политичари) останува можноста (во зависност од нивното лично решение дали да побараат индивидуално укинување на аболицијата) за сепак да не одговараат за она за што се товарат.
Ме заскокотка и формулацијата на претседателот „Најсовесно изјавувам…“ (дека немал намера да ги заштити осомничените политичари). Прашањето за политичарите и нивната совест е голема тема – не само на денешницава (иако е тоа денес посебно потенцирано), и не само во македонски, туку и во глобални рамки. Совеста и политиката како да се два меѓусебе се` пооддалечени поима.

„Наивниот“ Јоханес Хан

Еврокомесарот за проширување на ЕУ Јоханес Хан, кој е на извесен начин е екскомунициран од учество во барањето патишта за излез од кризата во Македонија (таа задача во ЕУ ја презема Федерика Могерини,

Федерика Могерини и Јоханес Хан

надлежна за надворешната политика на Унијата), повторно се јави за збор. Хан го поддржал договорот од Пржино и барањето за создавање услови за фер избори – тоа мора и да се очекува од него (еден е од креаторите на договорот) и тој вербално го правеше и досега. Она што ми паѓа в очи во неговите изјави, онака како што беше пренесено во македонските медиуми, е дека Хан го става под прашање само кредибилитетот на претседателот на Македонија (кој му ветил дека нема да го примени законот за аболиција – за набргу потоа да го повлече токму тој потег), но верува во ветувањата што му ги дал првиот човек на ВМРО ДПМНЕ и само де јуре, но не и де факто екс-премиер Никола Груевски.
Јоханес Хан не е наивен, не е од вчера во политиката, ниту пак во неа на толку високи позиции можат да стигнат наивни и случајни. Хан во меѓувреме помина многу часови во разговори со водечки политичари од Македонија. Ако ништо друго, тогаш и само времето од јунскиот до јулскиот „поправен“ испит за Договорот од Пржино беше доволно за да му ги отвори очите и да види со кого си има работа. Но, и еврокомесарот, како и многумина на политичката сцена на ЕУ, на случувањата и на актерите (не само во Македонија) гледаат низ призмата на сопствената и на нивната политичка припадност, со многу повеќе милост и разбирање за оние кои се дел од истиот политички блок. Затоа ни недовербата од Хан во однос на ДИК не треба да не заведе. Хан искажува согласност со Груевски за работа која мора да е сама по себе разбирлива (дека лица осомничени за тежок криминал нема да бидат на функции во владата). Хан во позитивна смисла наведува дека Груевски веќе не е премиер, туку само претседател на ВМРО ДПМНЕ. Формално, се разбира, тоа е точно. Но, на сите, „и на врапчињата“ им е јасно кој е кој, кој ги влече конците во Македонија – само на Хан не. Од неупатеност? Тоа не би зборувало добро за еврокомесарот. Од други мотиви? Тоа е уште помалку добро за него и за функцијата што ја врши.
Затоа, подобро да си молчеше.

DW

Слични содржини