Иванов со орден ќе ја одликува Агенцијата за разузнавање

од Vladimir Zorba

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, со орден ќе ја одликува Агенцијата за разузнавање (АР), соопштуваат во кабинетот на Иванов.

Свеченоста по повод одликувањето е закажана за вечерва во Македонскиот народен театар (МНТ).­

Од кабинетот на претседателот соопштуваат дека Агенцијата за разузнавање се одликува по повод 20 години од основањето, а особено за нејзината дејност, како еден од основните сегменти на разузнавачко-безбедносниот систем на државата, во зачувувањето и во зајакнувањето на суверениетот, независноста и на територијалниот интегритет на Република Македонија./МЕТА

Слични содржини