Со загриженост ја примивме пораката за тоа што денеска се случи во Велика Британија, пред сè, бидејќи сите наши стратешки определби се насочени кон Европската Унија, изјави претседателот на државата, Ѓорге Иванов, при денешната посета на Министерството за внатрешни работа.

timthumb1

Иванов рече дека Европа сега се наоѓа во една нова ситуација за која нема никакво претходно искуство и дека Македонија одблиску ќе ги следи понатамошните случувања, со надеж дека ќе проработи лидерството и ќе се носат одговорни одлуки.

– Ние и претходно укажувавме дека начинот на кој се носат одлуките во Европа не соодветствува со времето во кое живееме. Европската Унија не беше навикната и подготвена да носи две одлуки во исто време, туку фокусот секогаш беше на еден проблем. Тоа сите нас нè вознемирува бидејќи сите наши граѓани очекуваат и сакаат еден ден да бидат дел од тоа големо европско семејство – рече Иванов.

Претседателот додаде дека во услови на криза, земјите стануваат себични, се појавуваат радикални десничарски групи кои за проблемите ги обвинуваат мигрантите и муслиманите, се јавува исламофобија кон луѓето што поради мака од војни бегаат од своите домови.

– Ние, постарите, ја доживеавме трагедијата на поранешна Југославија, каде исто така имаше систем на колективно одлучување. Каде е сега таа држава? Нè загрижува можноста Европската Унија да тргне по истиот пат – рече Иванов./извор Мета

Слични содржини