Ивона Талевска веќе не е главен уредник на „Вечер“

од desk2

Весна Миќиќ Божиновска е нов главен и одговорен уредник на дневнот весник „Вечер“ откако е смената претходната уредничка Ивона Талевска.

Како што пишуваат медиумите, Талевска не доаѓала на работа последниот месец, а колегиумите ги одржувал директорот на весникот.

Во уредувачкиот тим на „Вечер“ веќе не е ни Драган Павловиќ-Латас, кој во 2012 година ја напушти функцијата, а потоа фигурирал како уредник на политичкиот дел.

За заменик на главниот и одговорен уредник на весникот е назначена Елизабета Арсоска која долги години е дел од тимот на „Вечер“.

Од денеска е сменет и импресумот на весникот.

Слични содржини