За витка фигура, докторите не препорачуваат ригорозни диети, туку едноставно здрава исхрана, која вклучува секојдневно консумирање на појадок, ручек и вечера. Со изгладнување, организмот е изложен на голем стрес и имунолошкиот систем слабее. Тоа што е најважно е да се внесуваат сите хранливи состојки, само да се внимава на количината која се консумира. Покрај ова, препорачливо е секојдневните оброци да вклучуваат здрави производи кои помагаат при топењето на мастите, го забрзуваат метаблизмот и го јакнат имунолошкиот систем.

images

Пробиотичките јогурти се едни од производите кои ги отстрануваат вишокот масти од организмот, што придонесува и кон намалување на телесната тежина. Добиени со додавање бактериски култури земени од млекото, овие видови на јогурт ја поттикнуваат трансформација на шеќерот од млекото во млечна киселина. Квалификуван како храна која е составена од калциум, Б витамини, калиум, фосфор и слично, јогуртот исто така е збогатен и со живи и активни култури на бактерии кои го јакнат организмот и ја регулираат работата на желудникот особено при дисбаланс во процесот на варење на храната./ Фемина.мк

Слични содржини