Изберете го кафето, фрлете ги енергетските пијалаци

од Vladimir Zorba

Енергетските пијалаци се поопасни од кофеинот, бидејќи содржат многу шеќер и други стимулативни супстанци, соопшти Ројтерс.

Тоа го прецизираа американски научници и велат дека по испитување на речиси литар енергетски пијалоци, крвниот притисок и срцевиот ритам се менуваат.

Користениот за истражувањето пијалак содржел 108 г шеќер (речиси 27 лажички) и 320 мг кофеин (блиску до горната препорачана граница, еднаква на четири шолји кафе), како и други “природни состојки” како таурин, женшен, карнитин, неколку витамини од групата В.

Научниците од медицинскиот центар “Девид Грант” на американските воздухопловни сили работеле со 18 здрави мажи и жени. Експертите го следеле крвниот притисок и им правеле електрокардиограм 24 часа по консумирањето на пијалаците – енергетски или само кофеинови.

Резултатите покажуваат опасно нарушување на срцевиот ритам после пиење на енергетската пијалок, но не и по кофеинскиот.

Авторите забележуваат дека од пазарот се тргнати неколку лекови само затоа што предизвикуваат слични промени во срцевата активност. Крвниот притисок исто така се зголемил многу повеќе по енергетскиот пијалок, отколку по кофеиновиот.

“Производителите на енергетските пијалаци сакаат да истакнуваат дека нивните производи не содржат повеќе кофеин од едно силно кафе. Во нив има и стимуланси и други адитиви.

Некои од нив, како таурин и гуарана, дури не се одобрени од властите како безбедни за вклучување во храната”- коментира д-р Џенифер Харис од Универзитетот на Конектикат, која не учествувала во истражувањето.

Слични содржини