Според Роковникот за извршување на изборни дејствија за предвремените парламентарни избори на 5 јуни, вечер на полноќ истекува рокот за поднесување листи на кандидати за пратеници во Собранието на Република Македонија.grujo cador

До синоќа, како што информираат од Државната изборна комисија (ДИК), не пристигнала ниту една листа за кандидати за пратеници.

Откако ќе ги добие листите, ДИК има 48 часа за да утврди дали листата на кандидати е поднесена во утврдениот рок и дали е составена во согласност со одредбите на Изборниот законик. Евентуалните недостатоци, подносителите на листите ќе треба да ги отстранат исто така во рок од 48 часа.   заев к

Орав:Вашата земја е специјален случај, политичката криза трае предолго

ДИК вчера одржа седница на која го разгледа Извештајот од регистарот на државјани доставен од Министерството за внатрешни работи, кој покажува дека е зголемен бројот на лица со право на глас односно полнолетните жители на Македонија на 1.958.844. Малолетни се 505.422 или вкупно МВР има регистрирано 2.464.266 државјани на Република Македонија.дик 1

Во однос на дијаспората, до ДИК се пристигнати 6.686 пријави за гласање на македонски државјани кои престојуваат во странство. Можно е, беше посочено, некој повеќе пати да се пријавил. За проверка е постапено по 3.190 пријави, но, има рок од уште три дена за обработка.

Сепак јасно е услови за избори нема едногласни се претсавниците на межународната заедница и посредниците.МОра под итно да се излезе од оваа криза.

Оваа политичка криза трае предолго, нема време за губење. Останува премногу работи да се завршат, потребни се тешки и сериозни одлуки кои треба да бидат донесени во најскоро време од оние што се одговорни за ситуацијата, изјави евроамбасадорот Аиро Орав на традиционална средба со амбасадорите од земјите-членки на ЕУ и актуелниот и поранешните вицепремиери за европски прашања, организирана од Секретаријатот за европски прашања по повод Денот на Европа.

– Вашата земја е специјален случај. ЕУ веќе препорача шест и пол пати да ги почнете преговорите за членство, но за жал не сме во можност да го сториме тоа. Сега треба многу сериозно да размислуваме што да направиме со оваа половинка од препораката и како да и пристапиме. За жал, останува премногу работа да се заврши. Оваа политичка криза трае предолго, рече во воведното излагање Орав.

Тој оцени дека Пржинскиот договор лани беше надеж за граѓаните на оваа земја и за меѓународната заедница. За жал, додаде, зборовите што ја опишуваат најдобро минатата година се опструкции, одлагања и неспроведувања.

– Минатиот месец го видовме и самиот леден брег кога беше донесена одлуката за аболиција. Нема време за губење. Тешки и сериозни одлуки треба да бидат донесени денес, утре од тие што се одговорни за ситуацијата, така што заедно ќе одиме напред. ЕУ е тука ако ви треба нашата помош. Ние во ЕУ исто така многу се надеваме дека оваа криза ќе биде оставена зад нас и дека ќе ги почнеме преговорите со вас кога тоа ќе биде можно, рече Орав.

Слични содржини