Избори-ДУИ и БЕСА повторно ќе пукаат на ЧАИР

од Vladimir Zorba

ДУИ и БЕСА ќе почекаат кој ќе го добие градоначалнчкото место за Чаир.Ќе има прегласување во едно гласачко место кое пак може да го даде новиот градоначлник или победа за ДУИ или за БЕСА.

Но, Управниот суд прифати една од жалбите на Беса поднесени по вториот круг, а ДИК потврди дека прегласувањето може да има влијание на конечниот резултат, па прегласувањето на ова избирачко место го закажа за 12 ноември.

Колку за бројките , Ганиу во вториот круг од локалните избори освои 13.916 гласа, а неговиот противкандидат од Беса, Зеќирија Ибрахими 13.707.  Разликата од 209 гласа ќе може да биде анулирана со бројот на гласачите од списокот од избирачкото место 2.901.

Во вториот круг на ова избирачко место гласале 278 гласачи. За Ибрахими гласале 164 гласачи, а за Ганиу 98.

Управниот сид ја прифати жалбата поради тоа што неправилноста ја имаше и  во извештаите на набљудувачите токму за   гласачкото место 2.901 кога едно лице без претходно да биде проверено во избирачкиот список гласало, а подоцна било утврдено дека лицето било запишано во избирачкиот список на соседното место. Гласањето на ова избирачко место било во прекин околу дваесетина минути.

Слични содржини