Избори во Франција: Што треба да знаете?

од Vladimir Zorba

Помалку од една недела останува до решавачкиот втор круг од претседателските избори.

 

Помалку од една недела останува до решавачкиот втор круг од претседателските избори во Франција, кога силите ќе тежат екстремнодесничарскиот лидер на партија “Национален фронт” Марин Ле Пен и центристот Емануел Макрон од движење “Напред!”.

Еве и накратко фактите кои треба да имаме на ум.

Зошто изборите се важни?

Франција е втората по големина економија во еврозоната, како и глобална воена и дипломатска сила, со право на вето како постојан член на Советот за безбедност на ОН. Вториот круг ќе се сведе на битка меѓу изолација и проглобализацијата на политики кон ЕУ и НАТО на двајцата кандидати.

Победата на Ле Пен би значело реорганизација на либералниот повоен поредок на Западот, кој веќе настрада прилично покрај одлуката на Велика Британија да излезе од ЕУ.

Како се избира претседател?

Шефот на државата во Франција се избира директно од народот во еден или два круга. Ако ниту еден од кандидатите не освои апсолутно мнозинство во првиот круг, се одржува втор, две недели подоцна. Сите претседателски избори во земјата од 1965 година стигнуваат до прегласување.

Кој води по првиот круг?

Беа вкупно  11 кандидатите за претседателската позиција  во Париз. Водечките кандидати беа четворица – Емануел Макрон, Марин Ле Пен, Франсоа Фијон и Жан-Лук Меланшон. Добиените од нив гласови изнесуваат односно 24%, 21,3%, 20% и 19,6%.

Како се одржаа изборите?

Регистрираните со право на глас како на континентална Франција, птака и зад граница, беа 46,9 милиони. Одѕивот минатата недела достигна 77,8 отсто. Истовремено тоа се и првите избори во историјата на 59-годишната петта република, кои се одржуваат во услови на вонредна состојба, наметната по серијата терористички напади во земјата. За безбедноста за време на гласови се мобилизирани 50 000 полицајци, поддржани од 7.000 војници од антитерористичката операција “Сентинел”. Што се случува по изборите?

Новиот претседател на Франција ќе се заколне пред народот најдоцна до 14 мај, преземајќи ја власта од Франсоа Оланд. Актуелниот лидер одби да се кандидира за втор мандат, откако забележа рекордно низок рејтинг во првиот. На 11 и 18 јуни ќе се одржат и парламентарни избори. Според аналитичарите, како Ле Пен, така и Емануел Макрон, ќе се борат да создадат парламентарно мнозинство. Тоа значи дека оној кој освои претседателството, веројатно ќе треба да формира пакт со членовите на социјалистичката партија, конзервативните републиканци или и двете. / АФП

Слични содржини