Изборна КАМПАЊА 2016: Што порачаа лидерите денеска?

од desk3

Трет ден продолжува  изборната кампања. За разлика од првите денови  политичка реторика станува пожестока ,а лидерите упатуваат обвинувања и повици за ТВ дуел.

zajko
Централниот митинг СДСМ го одржа во скопски Аеродром. Првиот опозиционер повторно го повика Груевски на ТВ дуел . Јавно вети дека сите украдени пари ќе се вратат во државава, а сведок за враќањето ќе биде бројчаник на Триумфалната порта на кој ќе се покажува колку пари се вратени дома.

-Нема бегање Никола Груевски, после 14 години, како што нема бегање од правдата и законот кој се огрешил има да одговара и пред законот и пред народот. И кога сме кај Груевски и од овде да го повикам на дуел. Да дојде и да ме праша за се што сака. И за жолти комбиња, ама да го прашам за тоа што не смеев и не си дозволив да го објавам за тој знае што. Да го прашам за фгладот што го додене во змејава . Да го прашам за луѓето што заминаа од змејава. Имам што да го прашам. Ајде војводо прифати дуел , каде бегаш, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев вчера на митингот во Аеродром.

-Да беше правна држава Груевски немаше да ви зборува за минимална плата синоќа. Тој 10 години не мислеше на вас, туку на рајски земји да ги собвере Вашите пари и да ги испрати во рајски земји. Ќе го стигне правдата секој кој крадел од вас!- рече Заев.

Ќе му дадеме ли нови четири години на Никола Груевски кој ви одзема 10 години од вашиот живот уште четири години се трпи ли режим. Ќе му верувате ли дека ќе постапи праведно кога тој им ја нанаесе историската неправда и го осиромаши до гола кожка нашиот народ – рече Заев.

Заев говореше и за програмските определби според кои ќе се згоелми минималната и просечната плата. Дека ќе обезбеди правично општество. Ќе ги подржи домашните фирми со 140 милиони евра, бидејќи сега се обесправени.

Заев вети дека парите кои сега завршиле во странство ќе се вратат дома.

На триумфалната порта ќе поставиме бројчаник на кој ќе се покажува колку пари се вратени дома. Тие пари ќе завршат во буџетот и кај граѓаните – рече Заев

gruevski-od-struga-1-310x205

ВМРО-ДПМНЕ синоќа бараше гласови од стружани.Според Груевски не можело да се препушти државата да се третира како експеримент и од ден на ден да се менува во корен нејзината суштина и идентитет,

– Tоа е крајната цел. Tоа беше и целта на кризата и секој што не веруваше или барем малку се сомневаше, сега знае, сега му е јасно и кристално чисто го гледа сценариото кое се надвиснува над нашата држава. Важно е сите заедно да се сплотиме и да не дозволиме Македонија да биде жртва на неизвесноста што СДСМ и Заев сакаат да ја создадат со нивните опуштени изјави кои имаат многу опасна и сериозна цел, а таа е комплетно редефинирање на државата – рече Груевски.

 

15205790_1705389499776154_978434833_o-860x680-310x205
Коалицијата за промени и правда пак ги слушна проблемите на граѓаните од скопски Карпош и Велес, а одржа и прес конференција пред СЈО каде ветија поддршка за нивното работење
“Ако сакаме да имаме процес на стабилизација на состојбата во Македонија, Специјалното јавно обвинителство мора да продолжи да работи професионално, одговорно, транспарентно и со полна пареа, а по изборите да биде направен нов договор за формирање специјално одделение во Кривичниот суд, кој ќе ги процесира предметите на СЈО”- истакна претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, придружуван од носителот на кандидатската листата на Коалицијата за промени и правда во четвртата изборна единица, Слободан Богоевски.

Трајанов рече дека СЈО се соочува со проблеми и со опструкции од сите институции кои се по контрола на власта, особено од судот, но истакна дека граѓаните целосно го поддржуваат ова обвинителство.

– СЈО треба да работи пред се транспаретно затоа што ова обвинителство најголемата поддршка ја има од граѓаните, а не од политичарите кои јавно го поддржуваат, но очекуваат тоа да води постапка за некој друг, а не за оние за кои СЈО има основа да работи и да покренува постапки. Сметаме дека СЈО треба да продолжи со работата и во овој период, независно што во тек е изборна кампања и исто така очекуваме во овој период да попушти и одбраната во институциите кои ги бранат интересите на Груевски и на неговата група, затоа што информациите и сомневањата велат дека тие не се инволвирани во кршење на основните човекови права и незаконското прислушување, а има и индиции дека се вмешани во тешки кривични дела, односно тежок криминал – рече Трајанов.

Тој додаде дека очекува по 11 декември, освен формирање на специјално судско одделение, да има и ревизија на работата на јавните обвинители и промени во Јавното обвинителство.

narodna
Коалицијата ВМРО за Македонија од Охрид ја почна изборната кампања. Пред околу илјада членови и симпатизери во Центарот за култура, говореа лидерите на трите партии од коалицијата, како и носителите на кандидатските листи.

Лидерот на ВМРО – Народна партија, Љупчо Георгиевски, рече дека од нивната победничка коалиција ќе се избира идниот премиер на Македонија.

– Доста е од оние што бараат 63 пратеници. Народот не смее повеќе да биде прелажан и да даде монопол на една партија, од која потоа ќе биде жртва. Ние и со 15 пратеници ќе бидеме гарант на вистинската и реална демократија. Не нè прашувајте нас со кого ќе коалицираме, туку прашајте ги нив со кого ќе коалицираат. Не нè гледајте ниту низ призмата на ВМРО-ДПМНЕ, ниту низ онаа на СДСМ, туку како реална алтернатива, како трет пат. Ние сме тие што ја воскреснаа Македонија во деведесеттите години. Во нашата екипа се најспособните кадри, кои ја водеа Македонија во најтешката криза и ја извлекоа и од безбедносната и од економската голгота – рече Георгиевски.

dui-310x205

Лидерот на Демократската унија на Албанците (ДУИ), Али Ахмети, во Скопје ја промовираше изборната програма на партијата за претстојните парламентарни избори, закажани за 11 декември.
Ахмети посочи дека програмата е подготвена од интелектуалци и од експерти докажани на своето поле.
– Сигурен сум и верувам дека ние можеме да ја оствариме оваа програма и затоа на веб-страницата на ДУИ дадовме можност да се предложат сугестии за тоа што не сме го постигнале. Од оваа програма не добиваат само Албанците туку сите граѓани во Македонија – истакна Ахмети.

Лидерот на владејачката партија од албанскиот блок рече дека со програмата се предвидува во секое семејство да има барем по еден вработен, спроведување на сите препораки од Европската комисија, како и имплементирање на препораките на Охридскиот договор.
besa_miting_skopje_1-610x400

Релативно новата партија „Беса“, одржа митинг во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија денешните изборни активности ќе ги почнат во 17.30 часот со митинг во Неготино, а централниот митинг денеска ќе биде во Кавадарци, во 20 часот.

Коалицијата предводена од СДСМ попладнево во 17.30 часот ќе има митинг во Демир Хисар, а централниот собир е вечерва во Кичево.

Коалицијата за промени и правда ќе одржи средби со граѓани во Кавадарци и во Неготино, а Алијансата за Албанците во 19 часот ќе одржи митинг во Сарај.

Владејачката партија од албанскиот блок, ДУИ, денеска нема да одржи централен митинг, но носителот на листата на партијата во првата изборна единица, Артан Груби, ќе одржи прес-конференција во седиштето на ДУИ во Скопје.

За разлика од ДУИ, нивниот политички опонент, ДПА, во 18.30 часот ќе одржи митинг во тетовското село Челопек.

 

Слични содржини