Со 101 глас и со ниеден против и воздржан се избрани новите министри во владата на Груевски. Оливер Спасовски и Фросина Ременски  ги заземаат позициите во МВР и во труд и социјала,.

За заменици-министри од редовите на СДСМ избрани се Александар Кирацовски во Министерството за информатичко општество и јавна администрација со 99 гласа „за“ и ниту еден „против“, Љупчо Николовски во Министерството за земјоделство со 97 „за“ и со ниту еден „против“ и Кире Наумов во Министерството за финансии со 95 „за“ и ниту еден „против“.

Од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се избрани Тимчо Муцински за заменик-министер за информатичко општество и администрација со 69 гласа „за“ и „31“ против, Митко Чавков за заменик-министер за МВР со 97 гласа „за“, со ниту еден глас „против“ и Диме Спасов за заменик-министер за труд и социјална политика со 95 гласа „за“ и ниту еден „против“.

Новата министерка за информатичко општество и за јавна администрација од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, пак, Марта Арсовска-Томовска, беше избрана со 71 глас „за“ и со 31 „против“.

груевскизаев(1)
Премиерот Никола Груевски на поочетокот на седницата ја образложи одлуката за избор на нови министри.

– Очекувам новите министри и заменици да ги испочитуваат своите обврски и да не ги кочат почнатите проекти на Владата. Очекувам да бидат посветени на решавање на проблемите на граѓаните на Република Македонија. Очекувам нивна посветеност и одговорно работење. Од моментот кога ќе бидат избрани, тие ја земаат целокупната законска и политичка одговорност пред сите граѓани на Република Македонија – рече Груевски.
Тој истакна дека очекува да работат според закон, без да ги мешаат партиските цели.

– Ќе продолжам будно да го следам секој чекор на министрите во интерес на граѓаните и на државата, но и да реагирам во случај на несоодветно однесување – изјави Груевски.

Слични содржини