Избричени машки нозе? Половина жени не би сакале…

од Vladimir Zorba

Без разлика дали тоа го признаваат или не, дамите имаат листа на квалитети и физички карактеристики кои мора да ги поседува потенцијалниот партнер. Жените не би имале ништо против љубениот да е убавец, забавен, паметен.59b4455f7672b044786e921235941e0b

Резултатите од новото истражување покажуваат дека речиси половина од претставничките на понежниот пол не би сакале да се поврзат со маж, кој си ги бричи нозете, пишува “Дејли стар”.

Учесничките во анкетата би требало да одговорат на прашањето како гледаат на претставниците на посилниот пол кои немаат влакна на нозете. Речиси половина од анкетираните дами – 49,3 проценти, одговориле дека кај мажи, овој ритуал им се чини чуден, како и дека претставниците на посилниот пол не треба да посегнуваат по влакната на нозете.

Други 28,5 проценти од учесничките во анкетата споделиле дека не им се допаѓаат мажи со избричени нозе, но го ценат трудот да се одржуваат во негуван изглед.

Само 22,2 проценти од анкетираните дами рекле дека е “одлично” мажите да си ги бричат нозете и дека им се допаѓаат претставниците на посилниот пол кои се депилирани.

И ако мажите сепак се прашуваат како да добијат женско внимание – одделна неодамнешна студија покажа дека кога избираат сериозен партнер, жените го ценат највисоко алтруизмот.

Слични содржини