Избрканите од „Вест“ ја окупираа канцеларијата на Керим, „Утрински“ пред штрајк

од desk3

zane-protest

Новинарите на „Утрински весник“ се заканија со штрајк откако вчера од раководството на издавачот МПМ на главната уредничка и бил даден ултиматум или да избрка 10 новинари или весникот ќе се затвори. Тие денеска во Здружението на новинарите ќе одржат прес-конференција на која ќе ги најават следните активности, јави СДК.мк.

Во исто време десетина новинари на „Вест“ кои беа избркани летово, утринава ја окупираа канцеларијата на еден од сопствениците на весникот Срѓан Керим барајќи си ги отпремнините што компанијата се обврза дека ќе им ги исплати кога ги избрка од работа поради технолошки вишок.

vest-okupatsija

Порталот пишува дека тие се сомневаат дека газдите ќе ги изиграат откако вчера на состанок на Синдикатот со менаџментот им било речено дека сите новинари од МПМ ќе се префрлат на платен список на „Телеграф“ кој е со нејасна сопственичка структура.

 

Извор: СДК

Слични содржини