Џон О’Брајан, основач на великанот „Далки аркајв прес“, најважниот издавач од САД со фокус на преводна литература од Европа и Балканот ќе биде гостин на Интернационалниот литературен фестивал ПРО-ЗА Балкан, во организација на издавачката куќа Икона.

download (8)

Еминентниот гостин е дел од „Skopje fellowship” програмата, проект кој се одржува секоја година во рамките на фестивалот.

О’Брајан ќе се запознае со издавачи и писатели од Македонија со што ќе се развие можноста наши автори да бидат објавени кај овој престижен издавач.

„Далки аркајв прес“ е една од најреномираните издавачки куќи во Северна Америка кои објавуваат литературни преводи и имаат професионална дистрибуција на пазарот во САД.

„Далки аркајв прес“ е познат и по престижната годишна антологија на нова европска проза во која промовира триесетина автори од Европа пред читателите во САД.

Слични содржини