Почетна / Актуелно / Изетбеговиќ: Односите меѓу БиХ и Србија се подобруваат

Изетбеговиќ: Односите меѓу БиХ и Србија се подобруваат

Претседателот на Србија изминатите години испраќа позитивни сигнали и повикува на дијалог, изјави бошњачкиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина и претседател на СДА, Бакир Изетбеговиќ, додавајќи дека со повремени проблеми, односите меѓу БиХ и Србија, како и меѓу Бошњаците и Србите се подобруваат.

Тој ова го изјави во интервју за Фактор.ба одговарајќи на прашање дали смета дека претседателот на Република Српска, Милорад Додик „на глас го изговарал она што Вучиќ го мисли“.

– Тоа оди мошне споро. Пред нас има уште многу отворени, нерешени прашања, како во односите меѓу двете држави, така и во односите меѓу двата народа. Би требало побрзо да ги решаваме. Со политиката, што ја води Додик и сличните на него и со таква реторика, тоа тешко ќе оди и верувам дека и Вучиќ е свесен за тоа, нагласи Изетбеговиќ.