Активностите  во координација со Владата и локалната самоуправа спроведени на терен резултираа со конечно гаснење на пожарите на дивата депонија во Струга. Според последните информации затрупан и покриен е речиси целиот простор , пораменто е  одозгора и странично  е покриена   целата депонија,  и е конзервирана и покриена со земја. Површината која е срабтена е 100 на 300 метри , а  во височна достигнува и до 10 метри на некои позиции.

По директна интервенција на Министертвоти за транспорт и врски, екологија , локална самоуправа и општината , вклучена е сета расположлива тешка механизација  во струшкиот регион  и експресно е конзервиран целиот локалитет.

Граѓаните на Струга заедно со активисти на повеќе граѓански здруженија во меѓувреме побараа од политичарите, како на локално така и на национално ниво, да престанат да ја злоупотребуваат нивната мака за добивање политички поени, а сите капацитети да ги вложат во преземање конкретни активности за надминување на проблематичната состојба.

Од граѓанската иницијатива „Доста е“, во меѓувреме, до надлежните институции е упатено барање со три точки, во кои се инсистира веднаш да се изнајде нова локација за одлагање на отпадот, одлука во најкус рок за целосно затворање и конзервација на дивата депонија, како и разработување методи за намалување на отпадот и негова селекција.

Локално.мк од извори од општината   дознава дека е необично тоа што пожарот „спонтано избувнал“ по посетата на владина делегација која била во Струга и разговарала со градоначалникот како да се реши прашањето за депонирање на сметот.

Истите извори не сакаат да шпекулираат дали пожарот бил намерно подметнат или станува збор за самозапалување, но истакнуваат дека случајот е  пријавен во полицијата и дека е направен записник за пожарот  со депонијата во  Струга.

Чаршишските муабети се дека станува збор за намерно подметнат пожар.

Граѓаните  и невладините  организации најавуваат дека   следниот протест во врска со проблемот со отпадот во Струга , за запирање на бизнис и политичките препукувања,   го најавуваат  за в среда – 21 јуни.