Изгоре исламски центар во Манчестер во подметнат пожар

од desk2

Во неделата вечерта во исламскиот центар во Манчестер, Велика Британија, дојде до пожар кој го уништи објектот. Полицијата се сомнева дека се работи за подметнат пожар, пишува Metro.


Порпаролот на исламскиот центар за Manchester Evening News изјави дека примил повик и така дознал дека центарот е нападнат. Властите потврдиле дека покрената е истрага .

Пламен се појави од покривот и го осветлил небото и околните објекти.
„Повикани сме во 23.43 часот поради пожар. Пративме пет екипи на терен и покренавме истрага. Се работи за сомнителен пожар“, велат полицајците и пожарникарите.

Исламскиот центар порано беше мета на напад кога беа фрлени две свински глави за време на молитва, а во 2014 година беше запален автобус.

Слични содржини