Изгубил контрола над возилото и директно се забил во дрво

од desk4

Вчера околу 17.15 часот во близина на крстосницата кај селото Амзабегово, светиниколско се случила тешка сообраќајна несреќа.

Од полицијата информираа дека 28-годишниот Б.В. од истото село, управувајќи патничко моторно возило “форд фокус“ со штипски регистарски таблички, поради неприлагодена брзина кон условите на патот, загубил контрола над возилото, излетал од патот и удрил во дрво.

Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Клиничкиот центар Штип.

Увид на лице место извршила екипа од Полициската станица Свети Николе.

Слични содржини