Изложба „Карневалски слики 2017“

од Vladimir Zorba

   Изложба на тема „Карневалски слики 2017“ ќе биде отворена вечерва во просториите на Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица, како една од првите карневалски активности.

Изложбата е во организација на здруженето Евро – Визија, а ќе бидат изложени фотографии од минатогодишните карневалски денови во Струмица.

На отворениот годинашен конкурс за карневалска фотографија се пријавиле дваесетина фотографи кои професионално или аматерски се занимаваат со фотографија. Добитниците на наградите ќе бидат прогласени на отворањето на изложбата.

Здружението Евро – Визија е формирано да промовира културни, традиционални, естетски и мултиетнички вредности. Ова е девета година по ред да се организира конкурсот за “карневалски слики“ со кој дополнително се промовира и афирмира идејата на струмичкиот карневал.

Отворањето на изложбата и прогласувањето на наградените е дел од програмските активности на манифестацијата Струмички карневал 2018 година.

Слични содржини