Изложба на Санјонг Ли во „Галерија АМАМ“

од Vladimir Zorba

„Низ огледалото“ е насловот на најновата самостојна изложба на Санјонг Ли од Јужна Кореја, со која таа ќе се претстави во Гевгелија, во НУ Музеј – Гевгелија, Уметничка галерија „АМАМ“. Изложбата ќе се отвори на 3 декември во 19:30 и ќе трае до 13 декември 2016.

44-niz-ogledaloto-izlozhba-na-sanjong-li-3-8-2016-29-8-2016-fotografija-maja-kirovska-1

Санјонг Ли е родена во 1975 година во Ченгџу, Јужна Кореја, каде живее и работи. Во 2001 година дипломира на Националниот универзитет во Чунбук, на одделот за ликовна уметност, а во 2009 година завршува постдипломски студии на одделот за ликовна уметност на истиот универзитет. Наградена е како најдобар студент во класата на Факултетот за продукт дизајн. Во 2007 година станува член на Друштвото на ликовни уметници на Кореја и Друштвото на Ликовни уметници на Ченгџу. Таа е еден од основачите на групата Егзит, формирана во 2012 година. Предава на Националниот универзитет во Чунбук на Факултетот за фигуративна уметност. Изложува на повеќе самостојни и групни изложби во Кореја, Јапонија, Кина, САД, Македонија и т.н.

Слични содржини