Изложба „Низ огледалото“ на Санјонг Ли во гевгелија

од Vladimir Zorba

Во уметничката галерија „АМАМ“ на Музејот – Гевгелија вечерва, 3 декември, ќе биде отворена самостојната изложба „Низ огледалото“ на Санјонг Ли од Јужна Кореја.

15_niz_ogledaloto_izlozhba_na_sanjong_li_3-8-2016-29-8-2016_fotografija_-_dragan_mitreski

Изложбата ќе трае до 13 декември, а претставени ќе бидат дела во повеќе медиуми ‒ инсталации, објекти, слики и фотографии.
„Низ огледалото“ во август годинава беше поставена и пред скопската публика. Ја организира Маја Кировска, ликовен уметник од Скопје, која соработува со Ли од 2014 година.
Како што вели Кировска, изложбата е дел од поголем проект на размена меѓу македонски и корејски уметници и е четврта по ред од серијата досега реализирани претставувања по што следува претставувањето на корејската група Егзит од Јужна Кореја во Домот на култура „Иван Мазов-Климе“ во Кавадарци, во февруари, и претставувањето на македонски автори со свои изложби во Јужна Кореја во август наредната година.

Слични содржини