Измама за Оскар: Влегол во банка, поразговарал со службеникот и набрзо станал побогат за 242 милиони долари! Денес не е крадец, туку херој

од desk2

Можеби името Футанга Бабани Сисоко не ви значи многу, но овој човек од Мали е одговорен за еден од највпечатливите грабежи на банки во историјата. Користел “црна магија”.

Прилогот на Бриџит Шифер за “BBC” ја обелоденил приказната за Сисоко, кој успешно ја измамил Исламската банка на Дубаи за повеќе од 242 милиони долари, а денес живее слободно во Мали.

Сисоко влегол во претставништвото на Исламската Банка на Дубаи во август 1995. година, барајќи го менаџерот Мохамед Ајуб, за овој да му одобри кредит за купување на автомобил. Ајуб прифатил.


Задоволен од завршената работа, Сисоко го поканил Ајуб во својот дом, на вечера, тврдејќи дека поседува моќ “црна магија”, со која може да ги дуплира парите. По “магичниот перформанс”, Ајуб поверувал во итриот трик. Почнал да ги префрла парите на сметката на Сисоко, очекувајќи дека парите ќе му се вратат дуплирани. Секако, не се вратиле.

Ајуб 183 пати префрлил пари на сметката на Сисиоко меѓу 1995. и 1998. година, на тој начин подмирувајќи го долгот на Сисоко на кредитната картичка.

Само неколку месеци откако го маѓепсал Ајуб, Сисоко ја посетил и Ситибанк во Њујорк, не само за да отвори сметка, туку и за да пронајде начин парите да ги префрли во САД, така што ќе се ожени со службеничка од банката.

 

 

“Еден ден влегол во Ситибанк, немал закажано. Запознал една шалтерска службеничка и на крајот се оженил со неа”, рекол Алан Фајн, обвинител во Мајами, кој го истражувал случајот на Сисоко.

“Има причина да се верува дека таа направила односот на Ситибанк со Сисоко да биде порелаксиран, па така тој отворил сметка на која префрлил повеќе од 100 милиони долари.

Сисоко и платил на жената повеќе од половина милион долари за помошта, убедувајќи ја дека таа му била сопруга, и покрај тоа што имал неколку сопруги по целиот свет – во Африка, Мајами, Њујорк”.

Пребогат, купил три авиони и си го исполнил сонот да основа авио-компанија на западот на Африка, “Air Dabia”, наречена по неговото родно село во Мали.

Во Америка Робин Худ, дома херој
Сепак, Сисоко бил уапсен при обид да купи два хеликоптери, кои потекнуваат од Виетнамската војна. Им понудил мито од 30.000 долари на цариниците, за да му дадат дозвола за извоз. Бил уапсен во Женева и наскоро префрлен во Мајами, каде станал јавна личност.

Кауцијата изнесувала 20 милиони долари, што тогаш било рекорд на Флорида. По излегувањето од притвор продолжил да троши неконтролирано, купувајќи повеќе од 30 луксузни автомобили, голем број апартмани и давајќи голем дел од парите за добротворни цели.

“Помислив дека станува збор за модерен Робин Худ. Зошто би крадел пари и би делел наоколу? Нема смисла”, рекол еден од адвокатите, професор Х.Т. Смит.

Сисоко на суд се изјаснил како виновен, а досудени му биле 43 дена во затвор и казна од 250.000 долари, кои, секако, ги платила Исламската банка на Дубаи. Пуштен бил порано, откако уплатил милион долари во центар за бездомници и бил пратен во Мали да отслужи домашен притвор. Дома бил дочекан како херој.

“Тоа е малку луда приказна”
Ајуб добил три години затвор, а Сисоко никогаш не се соочил со правдата во Дубаи, иако во отсуство тамошниот суд му ја одредил истата пресуда. Во периодот од 2002. до 2014. година Сисоко бил дел од парламентот на Мали, и така стекнал имунитет. Заштитен бил со тоа што Мали нема политика на екстрадирање на осуденици.

“Тоа е малку луда приказна за тие 242 милиони. Мислам дека луѓето од банката требало да објаснат како ги изгубиле”, одговорил Сисоко, запрашан да ја објасни целата приказна.

“Како тие пари ја напуштија банката како што ја напуштија? Преносот не го одобри само еден човек. Кога банките префрлаат пари, тоа мора да го одобрат неколку луѓе”, заклучил тој./Точка

Слични содржини