Истражувањето е на белгиски научници.

1466076729-prodajbite-na-bira-nadolu-zaradi-hladnoto-lqto-160447

Ако пивото вие го нарчувате најверојатно слушате несоодветна музика, пишува “Дејли мејл”. Тие утврдиле дека музиката влијае на вкусот на пијалоците и храната.

Покрај тоа може да се промени и перцепцијата за алкохолot.
За целта на истражувањето, научниците им дале на волонтери исто пиво под различна музичка придружба. Се покажало дека учесниците чувството го опишуваат различно во зависност од звучните стимуланси.

Волонтерите констатирале дека ако во позадина се слушаат мелодии како од филмови на “Дизни”, тогаш пивото се чувствувало како да е послатко. Пискави звуци го вкиселувале, а при преовладување на бас тонови тоа им се чинело повеќе горчливо и посилно. Овој ефект се нарекува синестезија и се должи на пренос на стимулот за едно сетило врз експертскиот центар за друго сетило.

Слични содржини