Американскиот претседател Барак Обама рече дека имал топли  разговори со својот наследник Доналд Трамп, пренесе Франс прес, цитиран од агенциите. “Разговорите  со него беа емотивни. Тој е отворен за предлози”, рече Обама на адреса на Трамп и го опиша како “спремен за  седенки”.

„Ги ценам размените на идеи, кои ги имав со него. Тој е човек кој мисли и кој не страда од недостаток на доверба во себе”, додаде Обама во интервју за телевизијата Еј Би Си и рече дека тоа “можеби е тоа предусловот за работата на претседателот “.

Обама сепак предупреди  дека  со Трамп  има разлика помеѓу водењето на предизборна кампања и управувањето. Тој рече дека Трамп нема да може да управува  и претседателствоува  на ист начин како човек кој води семејна фирма.

Обама рече исто така дека според него Трамп не е поминал многу време во истражување  на деталите на својата политика, нешто што може да биде истовремено сила и слабост.

“Мислам дека тоа зависи од неговиот пристап . Ова им  дава нов поглед на работите, што е драгоцено. Но, тоа исто така, бара човек да си дава сметка за работите кои не ги , и знае да се опкружува од луѓе кои имаат искуство и знаење кои треба да го информираат, па тој да донесе правилни одлуки “, изјави Обама.

За користење на Твитер од Трамп, Обама рече дека тоа му обезбедува директна врска со многу луѓе коои гласале за него. Тој, сепак, го предупреди Трамп дека кога ќе стане претседател, “ќе има престолнини и финансиски пазари и луѓе од целиот свет кои ќе гледаат многу сериозно  на сето она што тој го кажува “.

Обама рече исто така дека го поттикнал Трамп да развие силни односи со разузнавачките агенции во САД.

“Ако не внимаваме, странски земји може да влијаат на политичката дебата во САД на начин кој не сме гго виделе и  пред 10, 20 или 30 години. Ова се должи од  една страна на начинот на кој информациите се шират денес и од друга страна на тоа што толку многу луѓе станаа скептични кон традиционалните големи медиуми “, рече Обама.